Galaxy A11: Новиот уред на Samsung!

Galaxy A11 е новиот буџетски уред на Samsung. Еве што нуди:

Galaxy A11 е новиот буџетски уред на Samsung кој компанијата официјално го најави на својата веб-страна, откако за него слушавме неколку месеци. 

Galaxy A11 доаѓа со 6.4 инчен TFT дисплеј со резолуција од 720×1560 пиксели. На задниот дел има систем од три камери – главна од 13 мегапиксели, втора од 5 мегапиксели и трета од 2 мегапиксели. Селфи камерата е од 8 мегапиксели. 

Од останати карактеристики нуди 2GB RAM, 32GB меморија, батерија од 4000 mAh и скенер за отпечатоци на задниот дел. Достапен е во четири бои: црвена, сина, црна и бела./gsm.mk

InterServer Web Hosting and VPS