По наредба на Мицотакис се затвораат ски центрите и организираните плажи

Организираните плажи и ски центрите во Грција, од утре влегуваат на листата мерки на грчката Влада за спречување на ширењето на коронавирусот, откако премиерот Кирјакос Мицотакис дал наредба тие да се затворат, јави дописничката на МИА од Атина.

-Само што дадов наредба, утре да се затворат сите организирани плажи и ски центри. Ситуацијата е сериозна и бара одговорност од сите. Ги избегнуваме јавните места со многу луѓе. Ајде сите да застанеме на новото, кое го бараат околностите. #остануваме дома, напиша вечерва грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на неговиот официјален „Твитер” профил.

Според медиумите во Грција, дел од граѓаните, денеска, наместо дома, решиле топлото и сончево време да го искористат за да посетат некоја од организираните плажи што поседуваат лежалки, во близина на Атина.

InterServer Web Hosting and VPS