Напиток кој ги спречува болестите на мускулите

Консумирањето на една шолја топло чоколадо на ден им помага на постарите лица да останат здрави и витални, бидејќи какаото во чоколадото стимулира циркулација во нозете, укажува истражувањето на луѓето со вообичаени болести во периферните артерии.

Истражувањето е спроведено на лица постари од 60 години, кои боледуваат од болести со артериите, поради кои се јавуваат грчеви во нозете за време на одење, а истовремено се истражувало влијанието на какаото на здравјето и организмот.

“Какаото и темното чоколадо содржат епикатехин, кој го подобрува протокот на крвта и им овозможува на лицата повеќе да вежбаат”, смета Др. Наоми Хамбург, претседателка на Советот за периферни васкуларни болести при Американското здружение за срце, пишува “Daily Mail”.

Лицата кои учествувале во истражувањето биле поделени во две групи, една која пиела какао и втора која пиела плацебо напиток без какао.

Нивното движење се мерело пред почетокот на истражувањето и по шест месеци. Исто така се мерел и проток на крвта во нозете со помош на МР. На крајот од истражувањето на лицата која секојдневно пиеле какао можеле да одат 42,6 метри повеќе од порано, а на лицата кои пиеле плацебо должината на одење им се намалила за 24,2 метри.

Резултатите покажуваат дека какаото помага во одењето и виталноста, како и во подобрувањето на состојбата и здравјето на мускулите. Ова истражување истовремено покажало дека какаото, како и пристапна и евтина намирница, може да помогне во лечење и спречување на болести во мускулите и артериите на нозете.

InterServer Web Hosting and VPS