Четири нови случаи на корона вирус во Северна Македонија

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска информираше дека има четири нови пациенти позитивни на тестот за корона вирус.

Пациентите се од Дебар и веднаш ќе бидат пренесени на лекување на скопските клиники.

Што се однесува до досегашните заболени од корона вирус, кај една пациентка има влошување на состојбата и е на граница да биде ставена на апарат за механичка вентилација.

InterServer Web Hosting and VPS