Откажана големата турнеја на Влатко Лозаноски во САД и Канада

Нашата моментално најголема музичка ѕвезда Влатко Лозаноски – Лозано ја откажа турнејата во Америка и Канада која беше закажана веќе неколку месеци порано.

– Почитувани, заради општо безбедносна и здраствена превентива, официјално претстојната турнеја за САД и Канада е откажана. Алармантната ситуација со заразниот вирус е главната причина за нејзино неопределено одложување, се додека не се смири ситуацијата. Чувајте се, држете се до превентивните мерки за заштита од СЗО, ние се гледаме наскоро. Ве сака Ваш Лозано – Влатко Лозаноски – објави популарниот пејач на неговите социјални мрежи.

Лозаноски требаше да настапи во поголемите градови во САД како што се: Чикаго, Индиана, Њу Џерси, Детроит и Торонто во Канада.

Инаку вчера претседателот на САД – Доналд Трамп соопшти дека се забранети сите летови од Европа кон САД.

InterServer Web Hosting and VPS