Redmi Note 9 Pro Max го враќа големиот екран во компактно куќиште

Xiaomi ја угаси својата Mi Max линија телефони по три генерации, но сега го оживува искуството на големиот екран, преку новиот Redmi Note 9 Pro Max модел. Телефонот има 6.67-инчен екран во покомпактно куќиште, како и четири камери на задната страна и селфи камера во punch-hole отвор.

Redmi Note 9 Pro Max користи 8nm Qualcomm Snapdragon 720G чипсет, во комбинација со 6GB или 68GB RAM и 128GB простор за складирање податоци.

Четири камери на задната страна го сочинуваат 64MP главен сензор, 8MP ултраширока камера со 119 степени на поле на преглед, 5MP макро камера и 2MP сензор за длабочина. Note 9 Pro Max поддржува и RAW фотографирање и има подобрен Night Mode.

Redmi Note 9 Pro Max пристигнува со 5020mAh батерија и поддршка за 33W брзо полнење, а компатибилен полнач пристигнува во пакување со телефонот. Телефонот ќе се најде во продажба од 25. март во Aurora Blue, Glacier White и Interstellar Black варијанти, по почетна цена од околу 200 долари (6GB/64GB модел).

извор: USB.mk

InterServer Web Hosting and VPS