Коронавирусот се шири во Серија А: И Габиадини од Сампдорија позитивен!

Откако синоќа беше потврдено дека фудбалерот на Јувентус, Даниеле Ругани е позитивен на коронавирусот, денеска нови лоши вести од Италија.

И напаѓачот на Сампдорија, Маноло Габиадини исто така е позитивен на коронавирусот и веќе се наоѓа во изолација, потврдија од тимот од Џенова.

Се повеќе има случаи на зараза од коронавирусот меѓу фудбалерите. Вчера и фудбалерот на Хановер, Тимо Хуберс се запиша како прв играч во Германија со утврден вирус.

Во кошаркарскиот свет веќе има двајца позитивни, кошаркарот на Јута џез, Руди Гобер и кошаркарот на Реал Мадрид, Треј Томпкинс.

InterServer Web Hosting and VPS