Том Хенкс и Рита Вилсон се позитивни на корона вирус

Tom Hanks, left, and Rita Wilson arrive at the Oscars on Sunday, Feb. 9, 2020, at the Dolby Theatre in Los Angeles. (Photo by Jordan Strauss/Invision/AP)

Оскаровецот Том Хенкс и неговата сопруга, актерката Рита Вилсон, се позитивни на корона вирус.

Оваа информација ја објави самиот актер на неговите профили на социјалните мрежи, каде сподели дека почувствувал симптоми како „чувсто на омалаксаност, болки на целото тело, треска и висока температура“.

На Хенкс (63) и Vilson (63) им е утврдена заразата од корoна вирус Covid-19 во Австралија, каде актерот работи на нов филм за Елвис Присли во кој ќе го игра менаџерот на славниот музичар.

“Што сега? Медицинските експерти имаат протокол кој мора да се почитува. Ќе бидеме тетсирани, набљудувани и во изолација додека е тоа потребно. Не ни останува ништо друго освен да живееме ден за ден, зарем не?“, напиша, меѓу другото, холивудскиот актер.

Во Австралија има над 140 заразени со COvid-19, а три лица починаа. СЗО вчера прогласи пандемија на корона вирусот Covid-19./kajgana.com

InterServer Web Hosting and VPS