Турски Ф-16 прелетале над Еврос

Без претходно да достават план за летање, два турски воени авиони Ф-16 влегле во грчкиот воздушен простор и прелетале над северниот дел на Еврос на височина од 10. 000 стапки, предмалку објави грчката новинска агенција, јави дописничката на МИА од Атина.

Според информациите на АНА-МПА од Генералштабот на грчката армија, половина час по прелетувањето над Еврос, два турски воени авиони прелетале на височина од 26 илијади стапки, над ненаселените карпести острови Калогери, во близина на островот Андрос.

InterServer Web Hosting and VPS