Новата Elantra премиерно на 17 март – најдобра досега (Видео)

Јужнокорејскиот производител Hyundai го потврди доаѓањето на седмата генерација од моделот Elantra. Премиерата е закажана за 17 март во Западен Холивуд, Калифорнија.

Како најава за оваа премиера, Hyundai објави тизер видео на кое се гледа формата на овој седан. Она што може да се заклучи е дека доаѓа со значително поостри линии, а се добива впечаток дека новата генерација е со поголемо меѓуоскино растојание.

“Најдобрата досега” убедуваат од Hyundai кои со овој модел првично планираат да го зголемат пазарниот удел во САД.

Не се познати технички спецификации и истите се очекуваат да бидат објавени на официјалната премиера. Она што се шпекулира е дека покрај моторите со внатрешно согорување овој модел ќе биде достапн и со хибриден погон.

Инаку првата генерација на овој модел на јужнокорејскиот производител беше претставен во далечната 1990 година. Оттогаш па се до денес во континуитет е дел од понудата на Hyundai и е моделот со најголем стаж од актуелниоте модели во понудата.

InterServer Web Hosting and VPS