Microsoft предупредува за нови проблеми со ажурирање на Windows 10

Проблемите со ажурирање на оперативниот систем Windows 10 веќе не се новитет, со оглед на тоа дека некое време ги отежнуваат животите на корисниците.

Microsoft неодамна издаде уште едно предупредување, а се работи за повеќе проблеми кои по ажурирањето влијаат на работата на уредот. Во прашање е добропознатото ажурирање KB4535996 кое потполно излегува од контрола и предизвикува неколку проблеми, пишува PC Press.

Новото ажурирање влијае на работата на компјутерите кои се засегнати од него, така што им е потребно повеќе време за да работат, а некои компјутери по рестартирање воопшто и не се вклучуваат. На корисниците им се појавува само црн екран. Освен тоа, тука е и таканаречениот „син екран на смртта“ кој на корисниците со новото ажурирање им се појавува таму каде што треба да биде местото за најава(log in). овој проблем е почест, а корисниците тврдат дека не помага ниту отстранувањето на ажурирањето кое причинува проблеми.

Но, тука не е крајот. Ажурирањето влијае и на работата на оние компјутери кои немаат проблем со вклучување, па овие уреди остануваат без звук.Доколку имате проблеми, влезете во Windows Desktop Search, внесете „update history“ па „view your update history“, а потоа „uninstall updates“. Изберете ја опцијата KB4535996 и uninstall taster, па на крајот рестартирајте го компјутерот.

Извор: kajgana.com

InterServer Web Hosting and VPS