Познати дами кои кариерата ја ставија пред семејството и децата

Опра Винфри, Џенифер Анистон и Елен Деџенерис се само некои од познатите дами кои се олучиле да немаат деца и се посветиле на професионалната кариера.

Опра Винфри

Американската водителка Опра Винфри е една од познатите личности кои се „откажале“ од децата и поради тоа не ѝ е ниту малку жал.

– Не верувам дека би била добра мајка. Немам доволно трпение и секогаш морам да разговарам за проблемите, а тоа со мало дете е многу тешко. Отсекогаш знаев дека нема да имам деца – рекла водителката во една прилика за Daily Mail.

Џенифер Анистон

Опра не е единствената која не сака да има деца, нејзиното мислење го дели и американската актерка Џенифер Анистон. За медиумите во една прилика изјавила дека се чувствува многу лошо кога ќе ја прашаат кога планира да има деца.

– Мојата идеа за среќен живот и исполнување е различна од онаа на многу луѓе. Никој нема право да ги осудува туѓите избори бидејќи никој не знае што се случува зад четирите ѕида на вашиот дом. Тоа за мене е многу чувствителна тема – споделила Анистон.

Елен Деџенерис

Водителката и комичарка Елен Деџенерис и нејзината партнерка, австралиската актерка Портиа де Роси, во брак се од 2008 година, но и понатаму не планираат деца. Во едно интервју за People, Портиа ја отворила душата и искрено рекла зошто таа и Елен не размислуваат да го прошират семејството.

– Кога си во средните 30 години, почнуваш да чувствуваш притисок и да размислуваш: ‘Дали ќе имам деца само за да не пропуштам нешто во што очигледно сите уживаат?’ Никогаш не почувствувам дека мојот одговор на ова прашање е потврден и тоа е главната причина зошто никогаш не се одлучив да имам деца. Нив навистина мора да ги посакувате, а ниту Елен, ниту јас не чувствуваме потреба за деца. Сами себе сме си доволни -рекла Роси.

Рене Зелвегер

Како што пренесува Инсајдер, Рене рекла дека во животот е доволно среќна и задоволна, а за тоа не и требаат деца. Во медиумите, во една прилика, сепак, признала дека еден ден со задоволство би имала деца, но се уште не ја нашла вистинската личност со која би основала семејство.

Бети Вајт

Иако се мажела четири пати, актерката Бети Вајт никогаш не се пожалила на тоа што нема деца. Како што рекла во една прилика за CBS, детето веднаш би го презело целиот нејзин живот и најверојатно би наштетило на нејзината кариера.

– Јас сум перфекционист и се што правам мора да го направам одлично. Кога би имала деца, не би можела целосно да им се посветам и ним и на својата кариера која ми е многу важна – додала.

Иако никогаш немала сопствени деца, таа им била маќеа на трите деца на својот трет сопруг, Ален Луден.

InterServer Web Hosting and VPS