Бразил: Пратеник поднесе предлог закон – сечење раце за корупција

Бразилски пратеник, според кого дека властите не прават доволно за да се справат со распространетата корупција во политичките кругови, поднесе предлог-закон со кој се предвидува на секој политичар осуден за корупција да му се отсечат двете раце.

Во бразилскиот Конгрес нема изгледи тох предлог да добие поддршка, со оглед дека десетици пратеници се под истрага за корупција и перење пари.

Според конгресменот Емерсон Петрив, познат по своето политичко име Бока Аберта, таква драстична мерка е потребна во државата.

-Тоа е шокантен шредлог, но за жал многу политичари крадат пари на даночните обврзници, рече тој. – Во арапските земји, никој не краде од страв дека ќе му ја отсече раката, додаде Петрив.

InterServer Web Hosting and VPS