Заев: Граѓаните, целокупната јавност со резерва да ги прифаќаат непроверените информации за коронавирусот

Лидерот на СДСМ Зоран Заев преку својот Фејсбук профил апелира граѓаните со резерва да ги земаат непроверените вести кои се пласираат за коронавирусот.

– Граѓаните, целокупната јавност со резерва да ги земаат лажните, непроверени и сензационалистички вести што одредени медиуми, а пред сѐ интернет портали, ги пласираат за вирусот Ковид-19. Сега, кога институциите прават сѐ за да се справат со вирусот, неодговорно е да се пласираат лажни вести и дезинформации кои предизвикуваат паника меѓу граѓаните, вели Заев.

Апелира јавноста да се насочи кон вистински и кредибилни извори на информирање, првенствено кон информациите што ги соопштуваат Министерството за здравство и министерот Венко Филипче.

– Превенцијата е најдобра заштита од вируси и затоа важно е секој да ги следи препораките од медицинските лица, порачува Заев.

InterServer Web Hosting and VPS