Откажано отворањето на две изложби, граѓаните можат да ги посетат индивидуално

Националната галерија го откажа отворањето на изложбите „Соблечени, женскиот акт како контекст“ и „Паднати ангели“ во Чифте амам.

Од Галеријата информираат дека отворањето на изложбите е откажано поради случувањата поврзани со потенцијалното ширење на корона вирусот и мерките на претпазливост кои ги препорача Министерството за здравство.

Изложбите, како што соопштија од Галеријата, ќе бидат поставени, а посетителите можат да ги видат индивидуално, почнувајќи од утре, во стандардите термини од 10 до 18 часот, секој ден од вторник до недела.

InterServer Web Hosting and VPS