ПРЕМИЕРА: Aston Martin V12 Speedster е спортист со отворена кабина и 700 кс!

Aston Martin го претстави новиот V12 Speedster, кој е несекојдневен суперавтомобил без ветробранско стакло и покрив, создаден само за 88 купувачи.

Концепцијата на V12 Speedster влече инспирација од повеќето модели од долгата тркачка историја на компанијата. Каросеријата е изработена од јаглеродни влакна, а е обликувана со комбинација на дизајнерски елементи од DBS Superleggera и Vantage. Моделот ќе биде произведен во само 88 примероци, од кои секој ќе чини по 1 милион долари.

Неговата сила доаѓа од 5.2-литарски твин-турбо V12 агрегат, модифициран да произведува 700 кс и 752 Nm вртежен момент. Агрегатот ја испорачува силата кон подлогата преку осум-степен ZF менувач. Тоа е доволно за да го лансира суперавтомобилот од 0-100 км/ч за 3.5 секунди пред да ја достигне максималната брзина од 300 км/ч.

Новиот Aston Martin V12 Speedster е поставен на адаптивни амортизери со три режими на возење, а тука се и 21-инчни тркала со централно заклучување. Веднаш зад нив се сместени карбонски керамички сопирачки со дијаметар 410 милиметри напред и 360 милиметри назад, кои одат како сериска опрема.

Ентериерот е составен од елементи изработени од карбон, кожа, хром, алуминиум и 3D печатена гума, додека наместо традиционална фиока пред совозачот се наоѓа отстранлива кожна торба. Позади седиштата се наоѓа дополнителен простор за разни ситници.

InterServer Web Hosting and VPS