Xiaomi Mi Mix 3 добива глобално стабилно Android 10 ажурирање

Xiaomi почна со испорака на Android 10 ажурирањето со MIUI 11 интерфејс, за Mi Mix 3 смартфонот од 2018. година. Во прашање е глобална стабилна верзија, наменета за корисниците ширум светот.

Ажурирањето моментно е достапно за „другите глобални региони“, поточно Индија, Индонезија, Русија и Еу, со оглед дека тие имаат сопствени firmware кодови. Сепак, ова е почеток и се очекува дека ажурирањето наскоро ќе пристигне и во останатите глобални региони.

Корисниците можат да очекуваат MIUI 11.0.3.0 кориснички интерфејс, со големина од околу 2GB. Заедно со стандардните подобрувања кои ги имплементира Android 10, тука се и бројните исправки на багови, оптимизација на перформанси, како и сигурносната закрпа за февруари, 2020. година.

извор: USB.mk

InterServer Web Hosting and VPS