Приведени седум дилери на дрога од Скопје

Скопје, 9 март- На 09.03.2020 во 01.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Коста Новаковиќ“ го привеле В.С.(24) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 08.03.2020 во 21.45 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Бит пазар го лишиле од слобода А.Ш.(24) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Истиот ден, во 20.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Народен фронт“ го лишиле од слобода В.Р.(21) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 08.03.2020 во 14.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Тодор Александров“ ги лишиле од слобода Е.Д.(28) и Е.М.(28), двете од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 08.03.2020 во 19.40 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Руѓер Бошковиќ“ ги лишиле од слобода К.К.(24) и 16-годишник, двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

InterServer Web Hosting and VPS