Александра и Филип Живојиновиќ на синот за првиот роденден му подарија 30.000 евра: Сега на ред е крштевка

Пред една година Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг Филип Живојиноќ станаа родители на синот Александар.

Пејачката брзо по породувањето се врати на работните обврски, а голем број обожаватели забележаа дека таа изгледа одлично.

Пријовиќ роденденот на своето прво чедо го честиташе и преку социјалните мрежи со емотивна порака со која искажа како се чувствува како мајка.

-Животе мој, среќен прв роденден. Ти благодарам за најубавата година…Те сакам, напиша Пријовиќ под објавената фотографија на која е со синот.

Пријовиќ на својот син единец за првиот роденден му подарила 30.000 евра. Поради работните обврски одлучија гала прославата за малиот Александар наместо на 6 март да ја организираат дури на 11 март.

Прија и Филип на тој ден ќе го прослават првиот роденден, но исто така и крштевката на Александар во еден познат хотел во Белград, а на забавата ќе присуствуваат дури 200 гости.

Бидејќи прославата ќе биде организирана во хотелот и ќе има дури 200 гости, Прија и нејзиниот сопруг издвоија околу 70.000 € за гала крштевката! Гордата мајка реши салата да биде украсена во сина боја и им порача на гостите да не се оптоваруваат со подароците.

Поканите веќе се пратени, а за подарок брзо се одлучија. Отворија сметка во банка на име на Александар која уплатија 30.000 евра, открил добро информиран извор за српски „Курир“.

Се договориле секоја година да уплатуваат пари на сметката, а Александар нив ќе може да ги подигне дури кога ќе стане полнолетен, додал изворот.

InterServer Web Hosting and VPS