Италија вработува дополнителни 20.000 здравствени работници

Во Италија дополнително ќе бидат вработени околу 20.000 здравствени работници како зајакнување во борбата против новиот коронавирус.

Италијанската Влада денеска донесе одлука бројот на кревети во болничките оддели за интензивна нега да го зголеми од 5.000 на 7.500. легла.

Планирано е вработување на 5.000 лекари специјалисти, 10.000 медицински сестри и 5.000 негуватели.

Владата планира и привремено вработување на пензионирани лекари.

Новите мерки предвидуваат и претворање, по потреба, на некои хотели во приемни центри за лица во карантин.

Во Италија со новиот коронавирус се регистрирани 5.883 лица, од кои 233 починале, a 589 оздравеле.

Со Ковид-19 е заразен и лидерот на италијанската Демократска партија, Никола Зингарети, кој денеска на Фејсбук информира дека се чувствува добро, но мора да мирува во својот дом.

InterServer Web Hosting and VPS