Витамини и минерали кои се задолжителни кога сте на диета

Components of food during the diet-apples and water with measuring tape

Диетите некогаш може да значат дека одредени хранливи материи ќе ги внесувате во помала количина или пак, дека ви се потребни за да го засилат нејзиниот ефект.

Редовното земање витамини кога не добивате доволно преку храна е и повеќе од пожелно, бидејќи тие се клучни во правилната работа на метаболизмот и одржувањето на физиолошките процеси во вашето тело.

Ова се задолжителни витамини кои мора да ги земате додека сте на диета:

Витамин Д – помага при слабеење, бидејќи кога имате недостиг, телото го претвора шеќерот во масти, наместо во енергија. Најдобро е да земате суплемент Д3.

Железо – му помага на телото да ја искористи енергетската вредност на секоја храна која ја внесувате, но и го пренесува кислородот до секоја клетка во вашиот организам.

Омега 3 масни киселини – го забрзуваат метаболизмот и тоа е повеќе од доволно за да го засилат ефектот на диетата, за побрзи резултати.

Витамин Ц – се покажало дека кога земате доволно витамин Ц, ги зголемувате ефектите од вежбањето, кое комбинирано со диета ќе ги донесе саканите резултати.

InterServer Web Hosting and VPS