Путин: Работата ми е задоволство

Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека не ја смета неговата функција за работна обврска, туку за своја судбина.

„Мојата работа е да се состанувам со луѓе. Зарем можете да се уморите од тоа? Тоа е чисто задоволство“, рекол Путин на средба со граѓани во градот Иваново.

Тој, исто така, рекол и дека не е уморен и дека не сака да повлече од функцијата.

„Секој човек кој би се нашол на мое место не би ја сфатил функцијата претседател како работа, туку како судбина. Така се однесувам и јас кон неа“, рекол Путин.

InterServer Web Hosting and VPS