Двајца членови на стручниот штаб на Ајакс во карантин поради коронавирус!

Коронавирусот прави се поголеми проблеми на фудбалот во Европа.

Последните проблеми се појави во редовите на холандски Ајакс. Холандските медиуми денес објавија дека двајца членови на стручниот штаб се пратени во домашен карентин бидејќи помошникот тренер Кристијан Поулсен бил во контакт со лице кое веќе било заразено со коронавирусот.

Контактот Полусен го направил на роденден каде што присуствувало лицето за кое е потврдено дека бил позитивен на тест на коронавирусот кој се рашири скоро секаде во Европа.

Засега членовите на Ајакс немаат симптоми на заразниот вирус, изолирани се поради претпазливост. Покрај Поулсен вториот кој е во карантин е кондициониот тренер на Ајакс, Александро Шенмајкер.

InterServer Web Hosting and VPS