Инфлуенсерка осудена на 116 години затвор поради измама

Поранешната гејмерка, а сега и инфлуенсерка, Шајен Викторио, добила затворска казна од 116 години за повеќекратна онлајн измама.

Таа соработувала со онлајн продавница преку која продавала брендирани производи, кои купувачите никогаш не ги добиле. Иако пресудата е јасна, според законите во Бразил максимална затворска казна е 30 години, а веројатно Шајен ќе добие само условна казна.

Во нејзина одбрана, адвокатскиот тим тврди дека Шајен не знаела за непрофесионалноста на онлајн продавницата, а за најголем виновник го сметаат нејзиниот поранешен сопруг, кој ја презел одговорноста за продажбата.

Според обвинението, измамени се најмалку 118 купувачи, кои учествуваат во тужбата, но се верува дека бројот на измамени е доста поголем. Според дел од доказите, таа цело време имала увид во трансакциите и документите за достава, а биле пронајдени и многу компромитирачки докази за нејзината вмешаност во измамата.

InterServer Web Hosting and VPS