ЕУ предупреди дека нема да толерира нелегални преминувања на границите

Министрите за внатрешни работи на ЕУ на вонредниот состанок во Брисел изразија солидарност со Грција, Бугарија, Кипар и со останатите членки кои вложуваат напори за одржување на редот на надворешните граници на Унијата, пренесува српски „Курир“.

По вчерашниот состанок, министрите порачаа дека ЕУ ќе ги преземе сите потребни мерки во согласност со меѓународниот закон за да ги спечат нелегалните преминувања на границите.

„ЕУ ќе продолжи тесно да соработува со земјите од Западен Балкан во управувањето со мигрантските текови,“ соопшти Советот на Европа.

Вонредниот состанок беше свикан за да се разгледа ситуацијата на надворешните граници на ЕУ со Турција, кои во последните денови се под голем притисок од мигрантите што турските власти ги пропуштаат преку својата територија.

InterServer Web Hosting and VPS