ЕК: „Фронтекс” да преземе операции за брзо враќање на мигранти без право на престој во Грција

Европската комисија претстави денеска неколку предлози за справување со кризата на грчко-турската граница. Се предвидува тие предлози да бидат разгледани во текот на денот на седница на Советот на ЕУ за правда и внатрешни работи.

ЕК предлага Фронтекс да преземе операции за брзо враќање од Грција на мигрантите кои немаат право на престој во таа држава, Тоа го изјави заменикот претседател на ЕК, Маргаритис Схинас.

Тој додаде дека Фронтекс ќе испрати во Грција уште 100 граничари и така вкупниот број на лицата во агенцијата да биде во тој дел ќе биде 630. Дополнително ќе бидат испратени 160 луѓе за обработка на барањата за азил.

Еврокомесарот за внатрешни работи Илва Јохансон ја оквалификува ситуацијата како исклучително алармантна.

InterServer Web Hosting and VPS