Поради коронавирусот, двајцата политичари во оваа земја СЕ ПОЗДРАВУВААТ СО НОГА

Ова е средба помеѓу двајца политички лидери во Танзанија која го привлекла вниманието на светските медиуми.

Претседателот на државата Џон Мугуфули се гледа како се поздравува со нога со политичар од опозицијата Малим Сеиф Шариф Хамад.

Тие се сретнале во седиштето на Претседателот за да разговараат за мерките кои ги презема Танзанија против проширување на коронавирусот.

Додека, владата апелирала до граѓаните да ги избегнуваат физичките контакти, како што е ракувањето или гушкањето, двајцата политичари се поздравија со пружење на ногата еден кон друг.

Инаку, досега во Танзанија не е регистриран ниту еден случај на коронавирус.

InterServer Web Hosting and VPS