Хари Кејн размислува за заминување, летоска ќе одлучи дали по 16 години ќе му „раскине“ на Тотнем

Медиумите од Англија пренесуваат дека Хари Кејн размислува за промена на средината, напаѓачот летоска ќе одлучи дали по 16 години ќе му „раскине” на Тотнем во потрага на трофеи.

Хари Кејн би можел да стави крај на престојот во Тотнем, ова го пренесе денешното издание на Телеграф. Весникот вели дека напаѓачот летоска добро ќе размисли за својата иднина и ќе одлучи дали да остане верен на „спарси“ или пак ќе ја промени средината.

Англичанецот сака тим кој ќе игра во Лигата на шампионите и може да му гарантира трофеи. Тотнем минатата сезона играше финале во најелитното европско натпреварување но оваа сезона клубот од Северен Лондон назадуваше и во моментов е на позицијата број 7 во Премиерлигата, пет бода зад четвртопласираниот Челси.

Даниел Леви ќе се обиде да го убеди Хари Кејн дека Тотнем ќе има високи амбиции во иднина, но без Лигата на шампиони, тоа ќе биде тешко. Жозе Мурињо ќе има ограничен буџет за засилувања, односно околу 50 милиони фунти, плус сите пари што ќе ги добие од продажба на играчи.

Во случај првиот човек на „спарси“ да не успее во намерата да го здржи, ќе бара преку 150 милиони фунти за разделба со Хари Кејн. Што се однесува до можната следна дестинација, се шпекулира со имињата на Реал Мадрид, Барселона, Јувентус, Манчестер Сити и Манчестер јунајтед.

InterServer Web Hosting and VPS