Oppo Reno3 Pro претставен со двојна селфи камера од 44 MP

Компанијата Oppo официјално ја претстави меѓународната верзија на својот паметен телефон Oppo Reno3 Pro (кинеската верзија беше претставена кон крајот на минатата година).

Меѓународната верзија за разлика од кинеската нема поддршка за 5G мрежи, туку само за 4G, и се истакнува по двојната селфи камера сместена во отвор во OLED екранот.

Се работи за 6,5-инчен OLED екран со Full HD+ резолуција во формат 20:9 и сензор за отпечатоци од прсти сместен под екранот. Главната селфи камера се базира на 44-мегпикселниот сензор со отвор на бленда f/2.4, кому му е придружен секундарен 2-мегапикселен сензор, која на фотографиите им дава длабочина.

Од задната страна се наоѓа главниот 64-мегапикселен сензор, кому му се придружени 13-мегапикселен телефото сензор со 2X оптички зум, 8-мегапикселен ултраширок сензор и 2-мегапикселен монохроматски сензор, кој на фотографиите им дава длабочина.

Мобилниот уред го користи неодамна претставениот осмојадрен MediaTek Helio P95 SoC (две Cortex-A75 CPU јадра на 2,2 GHz и шест Cortex-A55 CPU јадра на 2 GHz), 8 GB RAM и 128, односно 256 GB интерна мемриуја (проширлива преку microSD картички).

Вградена е батерија од 4025 mAh, која има поддршка за VOOC Flash Charge 4.0 технологија на брзо полнење од 30W. Тука е и оперативниот систем Android 10 во комбинација со ColorOS 7 интерфејс.

Верзијата со 8 GB RAM и 128 GB интерна меморија на пазарот пристигнува со цена од 375 евра, а верзијата со 8 GB RAM и 256 GB интерна меморија со цена од 412 евра. Што се однесува до боите, Reno3 Pro ќе биде достапен во сина, црна и бела боја.

извор: USB.mk

InterServer Web Hosting and VPS