Кои беа најпродаваните смартфони во 2019 година?

Кои беа најпродаваните смартфони во секој регион во 2019 година?

Apple е најпопуларната смартфон компанија во Северна Америка веќе неколку години. Но, денешната листа покажува колку популарна стана компанијата и во другите делови од светот за многу кратко време. 

Во 2019-та, најпродаваниот смартфон во Северна Америка беше iPhone XR. Овој уред се покажа како најпопуларен, со удел на пазарот од 12%. На второ место се најде iPhone 11 со удел на пазарот од 6% и покрај тоа што беше достапен за само четири месеци од годината. На трето место се најде iPhone 8 со удел од 5%. На четврто и петто се iPhone XS Max и iPhone 11 Pro Max. 

These were the best selling smartphones in 2019 by region

Европскиот маркет беше доминиран од Samsung и Apple. Како еден од најпопуларните се покажа Galaxy A50 кој беше претставен во март и е задолжен за 5% од целосната смартфон продажба. На второ место се најде iPhone XR со удел од 4%. По него на трето место е неговиот следбеник, iPhone 11 со удел од 3%. Samsung ги зазема четвртото и петтото место со Galaxy A10 и A40. 

These were the best selling smartphones in 2019 by region

Кина е целосно различна приказна. Таму, Huawei е најпопуларниот бренд, но успеа да имплементира само еден смартфон во првите пет – P30 со 2% на петто место. На четврто и трето место се Vivo Y93 и Vivo Y93s. Второто место припадна на Oppo A9 со 3% од пазарот. Најпопуларниот смартфон беше Oppo A5 со удел од 4%. /gsm.mk

These were the best selling smartphones in 2019 by region

InterServer Web Hosting and VPS