Украинскиот премиер поднесе оставка

Украинскиот премиер Алексеј Гончарук поднесе оставка, а ќе го замени неговиот досегашен заменик, Денис Шмигал.

Парламентот ја прими писмената оставка на Гончарук, потврди претседателот на Врхованата рада, Дмитриј Разумков.

Исто така, министрите за финансии и за надворешни работи и државниот обвинител би можеле да ја напуштат владата во рамки на реконструкцијата која е во тек оваа недела, рекле пратеници од партијата на претседателот Владимир Зеленски, пренесе Ројтерс.

InterServer Web Hosting and VPS