Кумановец преживеал драма во Скопје: Арамии со остар предмет го исекле на прстите

Скопје, 4 март- Синоќа во 00:47 часот во Полициската станица Аеродром, С.Б. (30) од Куманово пријавил дека во 00.40 часот на улицата „23-ти Октомври“ во Скопје, две лица со остар предмет го исекле на прстите на десната рака и му претурале по ранецот, а откако не пронашле ништо заминале.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

InterServer Web Hosting and VPS