Димитров на средба со министрите од групата земји членки на ЕУ „Пријатели на проширувањето“

Во пресрет на дискусиите во Советот за општи работи на ЕУ за носење на одлуката за почеток на пристапните преговори на Северна Македонија со Европската Унија, шефот на дипломатијата Никола Димитров денеска ќе има средба со министрите за надворешни работи на Полска – Јацек Чапутович, Летонија – Едгарс Ринкевич, Литванија – Линас Линкевичиус и со заменик-министерот за европски прашања на Естонија – Март Волмер.

– Димитров ќе има можност да ги извести соговорниците за наодите на Европската комисија во привремениот извештај од 2 март, со којшто се констатира дека Северна Македонија ги зголемила напорите и испорачала натамошни суштествени и одржливи резултати во клучните области идентификувани од страна на Советот на ЕУ во заклучоци од јуни 2018 година, притоа потврдувајќи ја како важечка препораката за почеток на преговорите за членство во ЕУ, соопшти МНР.

Министрите за надворешни работи од вчера се во посета на земјава, во својство на претставници на групата земји членки на ЕУ „Пријателите на проширувањето“ и синоќа беа примени и од претседателот на државата Стево Пендаровски.

InterServer Web Hosting and VPS