Кандидата нема никакви шанси против нив: Овие производи се помоќни од лекови!

Со користење на вистинската храна, брзо може да се нормализира рамнотежата на бактерии и да се сопре болеста

Станува збор за инфекција до која доаѓа кога бактериите во нашите црева го губат балансот и се намножуваат. Кандидата е присутна во нашето тело, а во случај на пад на имунитетот и други неповолни фактори, таа почнува да дивее.

Кандидата ги напаѓа слузницата на усната празнина, цревата и гениталиите. Во тешки случаи, воспалението ја нарушува функцијата на внатрешните органи и преминува во хроничен облик.

Доброто е тоа што постојат производи кои помагаат во овој случај речиси еднакво успешно како и лековите.

Доколку препознаете повеќе од еден од следниве 10 симптоми, не би било лошо да одите на доктор…

Гасови
Чувство на тежина во стомакот
Лоша апсорпција на масти
Нетолеранција на млечни производи, глутен, кофеин, фруктоза
Болки или грчеви во стомакот
Констипација и слични проблеми
Синдром на нервозни црева
Хроничен замор, дијабетес, фибромијалгија, имунолошки болести, невромускуларни нарушувања
Недостиг на минерали и витамини, особено Б 12
Дијареја
Доколку кандидата е причинител на овие симптоми, што почесто јадете ги овие намирници…

Кисела зелка
Во текот на ферментацијата се ослободуваат корисни супстанции и пробиотици што ја подобруваат функцијата на цревата. Зелката ја штити микрофлората и го стимулира имунитетот, притоа создавајќи кисела средина што го спречува размножувањето на габички.

Јаболков оцет
Производот добиен со ферментација на јаболка содржи многу витамини и аминокиселини што го зајакнуваат одбранбениот организам. Ензимите ја напаѓаат кандидата на слузницата на устата и ги ублажуваат непријатните симптоми во стомакот.

Кокосово масло
Тоа содржи каприлна и лауринска киселина, која се бори против многу видови бактерии и габички, а се користи на кожата или по орален пат.

InterServer Web Hosting and VPS