Уапсени 4 момчиња во Скопје откако кај нив била пронајдена дрога

Скопје, 2 март- Четири момчиња од Скопје биле уапсени откако полициските службеници кај нив пронашле дрога.

Вчера полициски службеници од Eдиницата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје го привеле М.Д.(27) од Скопје затоа што при претрес во неговиот дом во населбата Ѓорче Петров, извршен со судска наредба, била пронајдена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Утрината во 07:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје од ул.„11-Октомври“ го лишиле од слобода Д.Т.(27) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Попладнето во 16:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје од Парк шума Гази Баба го лишиле од слобода М.А.(19) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Подоцна во 17:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје од Парк шума Гази Баба го лишиле од слобода Б.А.(20) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

InterServer Web Hosting and VPS