Словенија се подготвува за можен нов мигрантски бран

Словенија се подготвува за справувањето се евентуален нов мигрантски бран, јави дописникот на МИА од Љубљана. Веста за повторното отворање на турската граница за мигрантите и бегалците и притисокот врз Грција е повод за поголема будност на властите во Љубљана. Министерот за внатрешни работи Боштјан Поклукар изјави дека Владата веќе има изработен детален план за заштита на државните граници.

– Словенечката полиција е подготвена за нов мигрантски бран, кој евентуално би дошол по западно-балканската бегалска рута. Подготвеноста е утврдена со планот и Словенија е подготвена да се справи со евентуалните предизвици, изјави Поклукар.

Од словенечката полиција информираат дека моментално ситуацијата на јужната граница е редовна и нема зголемен број обиди за нелегални преминувања. Дополнително, како што велат од Министерството, полицијата сега е подобро подготвена и опремена во споредба со 2015 години кога беше првиот голем мигрантски бран.

InterServer Web Hosting and VPS