Спречени 9.877 обиди за нелегален влез во Грција, уапсени 68 лица

Деловите во кои е оштетена заштитната ограда, како и реката Еврос ги користеле мигрантите и бегалците за нелегално од Турција да влезат во Грција, а од грчка страна во изминатите 24 часа, односно од шест часот наутро вчера, до шест часот утрово, биле спречени 9877 обиди за нелегален влез и уапсени 68 лица, брифираат грчки владини извори, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истите информации, биле фрлени солзавци и шок бомби од турска на грчка страна, во обид, како што коментираат истите извори, да се разбијат грчките сили, а инцидентите на грчко – турската граница продолжија и во раните утрински часови.

InterServer Web Hosting and VPS