Пит Бутиџиџ се повлече од претседателската трка во САД

Поранешниот градоначалник на Саут Бенд, Пит Бутиџиџ, се повлече од трката за кандидат на демократската партија на претстојните претседателски избори во САД.

Тој влезе во трката како релативно непознат политичар за, по неочекуваниот успех, да се позиционира како иднина на партијата, објави Гласот на Америка.

„Влеговме во трката за да го поразиме актуелниот претседател и да воведеме нов вид на политика. Сега е време да се повлечеме и да помогнеме нашата партија и земјата да се обединат“, рекол Бутиџиџ.

Овој воен ветеран од Авганистан и прв хомосексуален кандидат во САД кој отворено зборува за неговата сексуалност победи на првите партиски избори, на кокусите во Ајова и беше на второ место во Њу Хемпшир.

Повлекувањето на Бутиџиџ би можело да му помогне на Џо Бајден на претстојните партиски избори во 14 држави, на ткн. супер вторник.

InterServer Web Hosting and VPS