Путин: Не сакаме да војуваме со никого

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија не планира да војува со никого, но дека сака да ги одврати другите земји од конфликт со Москва.

„Ние нема да се бориме со никого. Ние сакаме да создадеме услови според кои никој нема да сака да се бори против нас“, изјави тој за ТАСС во интервјуто наречено „20 прашања за Владимир Путин“.

Путин исто така рече дека САД трошат многу повеќе пари за одбраната отколку Русија.

Тој истакна детали за еден од неговите разговори со американскиот колега Доналд Трамп за воениот буџет.

„Доналд ми рече дека усвоиле огромен воен буџет за следната година, 738 милијарди долари, мислам“, рече Путин и додаде дека Трамп тоа го кажал со жалење.

InterServer Web Hosting and VPS