Рене Зелвегер се појави во одличен фустан со кој ги надмина Бијонсе и Анџелина Џоли!

Иако Анџелина Џоли и Бијонсе веќе со години важат за жените од светот на славните кои освојуваат со своите несекојдневно убави фустани и неверојатни модни комбинации, сепак прекрасната актерка Рене Зелвегер сега отиде чекор понатаму.

Актерката на гала свеченоста на настанот „Women’s cancer research fund“, се појави во прекрасен црн фустан со проѕирен горен дел од чипка.

Сепак, она што го украде шоуто беше долниот дел од фустанот, преку кој се откриваа нејзините витки нозе.

Иако со години луѓето ја препознаваа по улогата на дебелката Бриџит Џонс, Рене повеќе дефинитивно нема никакви проблеми со килоргамите.

Напротив, на актерката сега може да и позавидуваат колешки кои се и неколку децении помлади од неа.

Инаку, оваа одлична комбинација во која се појави Рене, ја потпишува модната куќа Гучи.

InterServer Web Hosting and VPS