HTC Wildfire R70 претставен со три камери и 6.53-инчен HD+ екран

HTC го претстави својот најнов телефон за подостапниот сегмент на пазарот – HTC Wildfire R70. Смартфонот наскоро ќе се најде во продажба, иако деталите за цената не се објавени.

Веројатно најдобрата карактеристика на овој уред од долниот сегмент е 16MP главна камера на задната страна, со 1.4µm пиксели и f/1.75 отвор на блендата. Задната, како и предната камера од 8MP можат да снимаат 1080p видео. На задниот дел се наоѓаат ушѕте две камери, а тоа се 2MP макро и 2MP сензор на длабочина. Одзади е сместен и сензор за отпечаток од прст.

HTC Wildfilre R70 има 6.53-инчен LCD со 720p резолуција и 19.5:9 однос на страници. Селфи камерата е сместена во засек во облик на капка во врвот на дисплејот.

Tелефонот го покренува MediaTek Helio P23 чипсет (8x A53, Mali-G71 MP2), а тука е и 2GB RAM и 32GB простор за складирање, проширлив преку microSD картичка до 256GB. Оперативниот систем е Android 9 Pie, додека сето го напојува батерија со капацитет од 4000mAh.

Wildfire R70 ќе биде достапен во Aurora Blue и Night Black варијанти.

извор: USB.mk

InterServer Web Hosting and VPS