Во Хрватска вкупно петмина заразени од коронавирус

Во Хрватска се потврдени два нови случаи на инфекција со коронавирус, со што вкупниот број заразени се искачи на петмина, соопшти министерот за здравство Вили Берош.

Новите два случаи се лица кои биле во контакт со првозаразениот, односно третозаразениот.

Од двајцата нови заболени, едниот е во Загреб, а другиот е во Риека и тие се хоспитализирани последниве неколку дена.

Според хрватски „Индекс“, едниот од нив бил хоспитализиран во Клиничкиот болнички центар Риека и тој е на средовечна возраст, а другиот е помлад пациент кој се наоѓа на Клиниката за инфективни болести во Загреб.

Раководителот на Клиниката за инфективни болести рече дека новозаразениот во Загреб веќе бил во карантин, поради тоа што се работи за личност блиска со првозаразениот во земјата.

Ист е случајот и со пациентот во Риека.

„Сите случаи во Загреб се поврзани со првозаразеното лице, а случајот во Риека е поврзан со првото заразено лице во Риека и сите веќе биле под надзор како мерка за претпазливост“, рече министерот за здравство.

InterServer Web Hosting and VPS