Уапсен албански државјанин кој се наоѓал на “Стоп листа“

Охрид, 28 фебруари– На 27.02.2020 во 19,25 часот на Граничниот премин „Св.Наум“ за влез во РСМ, при извршена контрола на Е.Ј.(31) од Р.Албанија кој бил со патничко моторно возило “опел зафира“ со албански национални ознаки, било констатирано дека е  евидентирал во “Стоп листа“ поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Тој бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.

InterServer Web Hosting and VPS