Се степале наставник и основец во Ченто

Скопје, 27 фебруари- Пресметка меѓу наставник и основец во Скопје. Имено, расправија и физичка пресметка се случила пред два дена меѓу наставник и 15-годишен ученик во основното училиште “Крсте Петков Мисирков“ во населбата Ченто, информира полицијата.

Настанот го пријавил родителот на ученикот. Во информацијата за тепачката не се наведуваат причините заради кои таа се случила. Не се наведува ниту тоа дали некој од учесниците се здобил со повреда.

Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

InterServer Web Hosting and VPS