‘ЕУ за ТЕБЕ’ во Свети Николе

На 26 февруари 2020, Самуел Жбогар, Амбасадор на Европската Унија, и Нина Ангеловска, Министер за финансии ќе го посетат пазарот во Свети Николе. Потоа, амбасадорот Жбогар и Насeр Нуредини, министер за животна средина ќе се сретнат со градоначалниците од Источниот и Северо-источниот регион за да ја дискутираат важноста од подобрени услуги кон граѓаните, почиста животна средина и севкупно подобар квалитет на живеење. Домаќин на двата настани е градоначалникот на Свети Николе Сашо Велковски. 

‘ЕУ за ТЕБЕ’ во Свети Николе ќе започне со посета на амбасадорот Самуел Жбогар на средното училиште ‘Кочо Рацин’. Посетата ќе вклучи состанок со директорот на средното училиште Ванчо Миленков и дебата со учениците на тема: визијата на младите за иднината на Европската Унија.

Со својот домаќин – градоначалникот на Свети Николе Сашо Велковски, амбасадорот Жбогар и Нина Ангеловска, министерка за финансии ќе го посетат пазарот кој, благодарение на помошта од Европската Унија има подобрена инфраструктура и овозможува зголемена продажба на земјоделски и прехранбени производи. Инвестицијата од 600,000 евра во рамките на Програмата за подобрување на општинските услуги го направи пазарот поздраво и побезбедно место каде се исполнети стандардите за безбедност.

InterServer Web Hosting and VPS