Трамп: Ниту една земја не ми помага да победам на изборите

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ниту една земја не се обидува да му помогне да победи на изборите.

Трамп ова го изјави само неколку дена откако високи разузнавачки извори на конгресмените во Претставничкиот дом им кажаа дека Русија се меша во претседателските избори што ќе се оддржат годинава за Трамп да може да освои нов мандат, пренесоа британските меидуми.

-Не сакам помош од ниту една земја и не ми помогнала ниту една земја, рече Трамп пред новинарите на прес конференција во Индија.

Американските претставници, исто така, наведоа дека Русија пласира дезинформации и пропагандна кампања за да му помогне на сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс, кој се бори за номинација за претстедателска кандидатура од редовите на демократите за изборите на 3 ноември.

InterServer Web Hosting and VPS