Австрија ги потврди првите два случаи на коронавирус

Првите два случаи на инфекција со коронавирус се потврдени во Австрија.Еден од двајцата пациенти имал контакти со соседна Италија.

„Еден од двајцата пациенти дошол од италијанскиот регион Ломбардија, кој е погоден од инфекција со коронавирус“, изјави Гунтер Платер за австриската новинска агенција АПА.
        
Пациенти со симптоми на лесна треска се изолирани во болницата во Инсбрук.

InterServer Web Hosting and VPS