„Дрво на смртта“ – толку отровно што не смеете да застанете под него

Радиологот Никола Стрикленд во 1999 година, заминала на одмор на карипскиот остров Тобаго, тропски рај богат со идилични песочни плажи. Првото утро од престојот таму, таа во белиот песок барала школки и корали, но наскоро нејзиниот одмор се претворил во пекол. Шетајќи меѓу дрвјата со кокоси и манго на плажата, Стрикленд и нејзиниот пријател наишле на миризливо зелено овошје слично на дивите јаболки.

Двајцата непромислено решиле да го загризат овошјето. После еден момент уживање во слаткиот вкус, нивните грла почнале да горат, а наскоро одвај можеле да голтаат.
Овошјето за кое станува збор се одгледува на дрво од семејството Hippomane mancinella, понекогаш се нарекува „јаболко на смртта“ или „отровна гуава“.

Расте во тропските региони на југот на Северна Америка, како и во централна Америка, Карибите и северните делови на Јужна Америка, пренесува Science Alert.

Билката на шпански е наречена „arbol de la muerte“, што буквално значи „дрво на смртта“. Според Гинисовата книга на рекорди, ова дрво е всушност најопасното дрво на светот.

Како што објасниле од Институтот за прехранбени и земјоделски науки во Флорида, сите негови делови се екстремно отровни, а „интеракцијата со кој било дел од ова дрво или голтањето може да биде смртоносна“.

Отровот во ова дрво е толку силен што не се препорачува ниту да застанете под него за време на дождот: органскиот спој на форбол, дури и разредено со дождовница, може да предизвика сериозни изгореници.

Ова дрво е многу важна алка во локалниот екосистем во кое живее и се смета за едно од главните на линијата на одбрана од ерозија на плажите на средна Америка.

Карипските столари, пак, со векови го користат ова дрво, бидејќи ја откриле тајната на прецизно отстранување на отровот, со сушење на дрвото на сонце.

Извор: Science Alert

InterServer Web Hosting and VPS