Ѓукановиќ: Црна Гора добива и внатрешни и надворешни удари

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ изјави дека Црна Гора се соочува со повеќе удари одвнатре и однадвор, но дека државната безбедност не е компромитирана, пренесува Бета.

„Црна Гора се соочува со повеќе удари, внатрешн и надворешни, преку отворено здружување на црквата со националистички вонсистемски активности насочени кон уништување на правниот поредок и негирање на граѓанскиот и мултиетнички карактер на црногорската држава, што на крајот би значело враќање кон средновековниот систем, во кој црквата беше над државата и граѓаните “, рече црногорскиот лидер.

Тој го изјави ова, како што е соопштено од Информациската служба на претседателот на Црна Гора, во говорот одржан во Женева на 43-та седница на Советот за човекови права на ООН.

InterServer Web Hosting and VPS