Турција ја затвора границата со Иран поради коронавирусите

Турција ќе ја затвори границата со Иран како превентивна мерка за епидемијата на коронавирус, изјави турскиот министер за здравство Фахретин Коџа.

Иран е прва земја на Блискиот исток што пријави случаи на заболени од короновирус, бидејќи министерот за здравство во земјата објави дека 43 лица се заразени.

Министерот за здравство на Турција изјави дека сите автопати и железнички линии ќе бидат затворени денес од 17 часот, и дека летовите од Иран ќе бидат прекинати, пренесува Ројтерс.

Осум лица починале во Иран од коронавируси, најголем број жртви регистрирани надвор од Кина.

Неодамна, ирачката влада забрани влез на туристи од Иран, од страв од ширење на коронавируси.

InterServer Web Hosting and VPS